Растот на инвестициите во туризмот ја искачија Македонија на 7. позиција во светот

Bez autora
Mar 31 2014

Бројот на странските туристи во Македонија изминативе осум години двојно е зголемен, односно 98%, а вкупниот број на туристи забележува раст од 40%. Државните инвестиции во ресорот туризмот коишто треба да донесат подобрување на туристичката понуда на земјава, но и да ја претстават како атрактивна туристичка дестинација треба да придонесат во следните 3 до 4 години во земјава на годишно ниво да ни дојдат на гости милион туристи. Овие позитивни движења на македонскиот туризам се регистрирани и од страна на Светскиот совет за патување и туризам со седиште во Лондон, Велика Британија, кој направил детална анализа на случувањата во туризмот во 184 држави во светот, меѓу кои и Македонија. Тие утврдиле дека лани во Македонија е реализиран годишен приход од туризмот од околу 100 милиони долари.

Растот на инвестициите во туризмот ја искачија Македонија на 7. позиција во светотБројот на странските туристи во Македонија изминативе осум години двојно е зголемен, односно 98%, а вкупниот број на туристи забележува раст од 40%.

Државните инвестиции во ресорот туризмот коишто треба да донесат подобрување на туристичката понуда на земјава, но и да ја претстават како атрактивна туристичка дестинација треба да придонесат во следните 3 до 4 години во земјава на годишно ниво да ни дојдат на гости милион туристи. Овие позитивни движења на македонскиот туризам се регистрирани и од страна на Светскиот совет за патување и туризам со седиште во Лондон, Велика Британија, кој направил детална анализа на случувањата во туризмот во 184 држави во светот, меѓу кои и Македонија. Тие утврдиле дека лани во Македонија е реализиран годишен приход од туризмот од околу 100 милиони долари.

Според проценките на Светскиот совет, во земјава годинава треба да има реален раст на туризмот, кој ќе овозможи приходот да достигне 5,7 проценти од бруто домашниот производ( БДП).

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, во чија надлежност е ресорот туризам, во неколку наврати укажа дека интензивно се вложува во развојот на туризмот. И неговите очекувања во потполност се согласуваат со анализите на овој совет и тој очекува за наредните неколку години учеството на приходите од туризмот во БДП да го достигне светското ниво и да има раст од околу 5 проценти.

Статистиката вели дека изминативе 5 години растот на приходите од туризмот на светско ниво достигнува 5,7 проценти од БДП, а на европско 3,8 проценти од БДП.

Анализите на британските стручњаци утврдиле дека лани во земјата биле вработени 8.500 лица во туризмот, што претставува 1,2 проценти од вкупниот број вработени во земјава. Но, како што посочуваат од овој совет, годинава бројот на вработени во овој значаен сектор ќе достигне 10.000, а тоа ќе претставува и зголемување на учеството во БДП од 1,9 проценти.

Што се однесува на инвестициите во Македонија, тие велат дека лани во туризмот се вложиле 2,1 проценти од вкупните инвестиции во земјава, а за годинава се очекува растот на инвестициите во однос на 2013 година да биде поголем за 13,9 проценти. Токму со овие бројки Македонија на листата меѓу 184 земји од светот се наоѓа на високото седмо место.

-Заедно со дејностите коишто се поврзани со туризмот, во Македонија се вработени уште 31.000 лица, а тоа е веќе 4,5 проценти од вкупниот број евидентирани лица коишто работеле во 2013 година. Проекциите укажуваат дека годинава и оваа бројка ќе претрпи нагорна корекција и ќе достигне 32.500 лица, коишто ќе бидат работно ангажирани во овој сектор со очекувања дека до 2024 година тие ќе се искачат до 40.000 - се вели во извештајот на Светскиот совет за патување и туризам.

Во делот којшто го третираат прогнозите за растот на туризмот Македонија е поставена на високото 39. место во однос на 184 земји во светот. Нашата држава се наоѓа на 60. место во однос на севкупниот растот на секторот предвиден за следните десетина години.

Но, анализите укажуваат дека во делот каде што се мери учеството на приходот во однос на БДП земјава послабо котира на табелата и токму затоа, препорачуваат повеќе инвестиции. Табеларно се прикажани инвестициите во туризмот во 2007, 2008 и во 2009 година пред стартот на големата светска економска криза, каде што се согледува дека во тие години Македонија значително повеќе вложувала во овој сектор. Светските истражувања утврдиле дека годинава во Македонија ќе дојдат 367.000 странски туристи, а лани во земјава од вкупниот број туристи, 60,8 проценти биле странски, а на домашните останува процентот од 39,2%. Македонија се наоѓа на солидното 50. место во однос на растот на бројот на вработени во туризмот.

Инаку, во земјава во периодот 2011-2013 година одобрени се субвенции за 647 организирани патувања, и тоа гости од Холандија, Турција, Белгија, Словенија, Полска, Англија, Австрија, Јапонија и од други земји. Годинава се очекува во Македонија да има рекордна посета на Холанѓани, чија бројка се очекува да достигне 15.000 туристи, а исто така и околу 30.000 германски туристи.

Хрватска најтуристичка земја во регионов

Во оваа детална анализа се вклучени и земјите од регионот. Соседна Србија од 184 држави во светот се наоѓа на 102. место во однос на приносот што го има од 2,5 милијарди долари од туризмот и 86.400 вработени лица. Хрватска е држава во регионот којашто најдобро е позиционирана во овој сектор, бидејќи приходот од туризам достигнува 12,2 проценти од БДП, а веднаш по неа е Црна Гора, која исто така е туристичка држава и туризмот и носи 9,8 проценти од БДП. Во Србија лани во туризмот директно биле вработени 34.800 луѓе, а заедно со останатите придружни дејности поврзани со овој сектор работно ангажирани биле 86.400 туристички работници.

Светската туристичка индустрија тежи 7.000 милијарди долари

Извештајот на Светскиот совет за патување и туризам вели дека во светот секое 11. лице работи во туризмот или е поврзано со некоја дејност којашто соработува со туризмот. Исто така, секој десетти долар е заработен во овој сектор. Во 2013 година во светот приходот од туризам и патување достигнал 7.000 милијарди долари. Ова само потврдува дека туризмот може да биде моторна сила на растот на севкупната економија, бидејќи тоа е раст од 400 милијарди долари во однос на 2012 и вработување на нови 266 милиони лица, што покажува дека 11 проценти од сите вработени во светот се занимаваат со секторот којшто го третира патувањето и туризмот. Ова во приходи достигнува 9,5 проценти од вкупните средства добиени во светското стопанство.

Изминативе неколку години како интересна светска дестинација се почесто се јавува Југоисточна Азија, каде што растот на туризмот достигнува на годишно ниво и повеќе од 10 проценти. Во фокусот на интересот се наоѓаат и земјите од Латинска Америка, со што се очекува растот на туризмот до 2024 година во континуитет на годишно ниво да забележи раст по 4 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik